Формирањето на Телангана било одобрено од владеачката коалиција на Индијa на 30 јули 2013 година.[1][2] Формирана е од 10 окрузи, кои се издвоени од составот на државата Андра Прадеш. Во саставот на Телангана влегол и градот Хајдерабад, дотогашниот главен град на државата Андра Прадеш, која во период од 10 година служел како заедничка престолнина, сè додека државата Андра Прадеш не именувала нов главен град на својата преостаната територија. Оваа поделба на државата Андра Прадеш практично значела дека народот Телугу, кои во таа држава бил мнозинсски, сега има две држави.