User:KaterinaPavlovska

From Wikipedia, the free encyclopedia
Jump to: navigation, search

Економија на Германија

Германија е најголемата национална економија во Европа, четврта по големина од номиналниот БДП во светот, и петта од ГДП (ППП) во 2008 година. Уште од времето на индустријализацијата и надвор од индустрискиот капитализам, земјата беше носител, иноватор и корисник на се поглобализирана економија. Германија е третиот најголем извозник во светот со 1,408 трилиони долари извезени во 2011 година (вклучени се земјите од еврозоната). Извозот претставува повеќе од една третина од националниот производ. Германија е релативно сиромашна со суровини. Само лигнитот и поташа солта се достапни во економично значајни количини. Електраните за горење на лигнит се едни од главните извори на електрична енергија во Германија. Нафтата, природниот гас и другите ресурси, во најголем дел се увезени од други земји. Германија увезува околу две третини од својата енергија. Секторот за услуги допринесува околу 70% од вкупниот БДП, индустријата 29,1% и земјоделството 0,9%. Најголем дел од производите во земјата се од областа на инжењерството, особено во автомобили, машини, метали и хемиски производи. Германија е главен производител на турбини на ветар и технологија на соларна енергија во светот. Најголемите меѓународни саеми и конгреси се одржуваат во неколку германски градови, како што се Хановер, Франкфурт и Берлин. Поврзаноста на сервисно-ориентираното производство, трошоците за истражување и развој, врските помеѓу индустријата и академските институции, меѓународната соработка и малите и средни претрпијатија придонесоа за севкупната конкурентност на економијата во Германија. Од 500-те светски најголеми компании на берзата, мерени по приходи, според Фортун Глобал 500, 37 се со седиште во Германија. Во 2010 година десетте најголеми беа Фолксваген, Алианц, E.OН, Даимлер, Сименс, Метро, Дојче Телеком, Муних Ре, БAСФ и БМВ. Други големи германски копмании се: Роберт Бош, ТиесенКруп, и МАН (разновидна индустрија); Баер и Мерк (лекови); Адидас и Пума (облека и обувки); Коммерцбанк и Дојче Банк (банкарство и финансии); Алди, Лидл и Едека (продажба на мало); САП (компјутерски софтвер); Инфинеон (полупроводници); Хенкел (домаќинство или лични производи на потрошувачот); Дојче Пост (логистика); и Хуго Бос (луксузни добра). Познати светски брендови се Мерцедес Бенц, БМВ, Адидас, Ауди, Порше, Фолксваген, Баер, БАСФ, Бош, Сименс, Луфтханза, САП и Нивеа. Помеѓу 1991 и 2010 година беа објавени 40,301 спојувања и превземања со учество на германски фирми со вкупно позната вредност од 2,422 милијарди евра. Најголемите дејности од 1991 година се: превземањето на Манесман од страна на Водафон за 204,8 милијарди евра во 1999 година, спојувањето на Даимлер-Бенц со Крајслер за да се формира ДаимлерКрајслер во 1998 во вредност од 36,3 милијарди евра.


Историја[edit]

За време на индустријализацијата, земјата беше носител, иноватор и корисник на се поглобализирана економија. Германија е една од основачите на ЕУ, Г-8 и Г-20 и беше најголем извозник во светот во период од 2003 до 2008 година. Во 2011 година, таа останува вториот најголем извозник и трет најголем увозник. Тоа создава трговски суфицит од 189 милијарди долари. Германија е единствената земја меѓу првите пет извозници на оружје која не е постојана членка на Советот за безбедност на ОН. Пред 1850 година Германија заостанува зад лидерите во индустрискиот развој, Британија, Франција и Белгија. Од 1850 година германските држави се соединија и од 1900 година Германија стана светски лидер во индустријализацијата, заедно со Британија и САД. Во 1800 година, социјалната структура на Германија беше слабо погодна за претприемништво и економски развој. Реакцијата за освојувањата на Наполеон на германските земји за време на ерата на Француската револуција (1790-тите до 1815 година), создаде важни институционални реформи, вклучувајќи го и укинувањето на феудалните ограничувања за продажба на големите населени имоти, намалувањето на моќта на занаетчиството во градовите, како и воведувањето на ново, поефикасно стопанско право. Сепак, традиционализмот остана силен во поголемиот дел од Германија. До средината на векот, еснафите, населената аристократија, црквите и владините бирократии имаше толку многу правила и ограничувања кои претприемништвото не ги почитуваше и им даде малку можност да се равијат. Од 1830/40 години, Прусија, Саксонија и други земји го реорганизирале земјоделството, вклучувајќи шеќерна репка, репа и компири, давајќи повисок степен на производство на храна кој им овозможува на суфицитното рурално население да се пресели во индустриските области. Почетоците на индустриската револуција во Германија доведоа и до текстилната индустрија. Во 1834 година текстилната индустрија беше олесната со елиминирање на царинските бариери преку Цолферајн (царинска унија). Фазата на пораст на економскиот развој, доведе до револуција на железничкиот сообраќај во 1840-тите, којшто отвори нови пазари за локалните производи и ја зголеми побарувачката на инженери, архитекти и способни машинисти и поттикна инвестиции во јаглен и железо. Политичките одлуки во врска со економијата на Прусија ( и по 1871 година во Германија) во голема мера беа управувани од страна на коалицијата на “'рж и железо” , тоа се Јункер земјопоседници на исток и на тешката индустрија на запад.

Третиот Рајх[edit]

Економијата на Германија за време на ерата на Хитлер (1933-1945) разви стаклен напредок, поддржан со високи владини субвенции за оние сектори на кои Хитлер бил наклонет бидејќи тие и дале воена моќ и економска автархија на нацистичка Германија, односно економска независност од глобалната економија. Адолф Хитлер верувајќи дека „економијата е нешто од второстепено значење“, ги испуштил деталите од економската Националната социјалистичка програма од Мајн Кампф. Нацистите дошле на власт, додека невработеноста била многу висока, но подоцна се постигнала целосна вработеност благодарение на масивното вооружување. Нивните предвоени економски политики беа во почетокот на инвентивноста на нивниот ненациситчки Министер за економија Хјалмар Шахт, кој подоцна направил повеќе да се фокусираат на военото производство и на крајот бил заменет од страна на нацистот, Херман Геринг. Трговските политики на Tретиот Рајх целеа кон обесхрабрувачка трговија со земјите надвор од германската сфера на влијание, правејќи ја јужна Европа во голема мера зависна од Германија. Најпосле Нацистичката Партија разви силни односи со големите компании и ги укина синдикатите, додека платите се намалија за една четвртина. Сепак даноците сеуште биле ниски во војната. Веќе пред војната, луѓето кои не го сакаа режимот се користеа како робови и во 1944 година изнесуваа една четвртина од работниците. Некои историчари, како и британскиот марксист Тимотеј Мејсон, тврдат дека Втората светска војна беше директно влијание од германскиот економски систем, кое го направи експанзионизмот потребен за домашниот напредок и опстанокот, кои го направија шовинизмот неопходен за потикнување на конфликти. Почетокот на Втората Светска Војна во 1939 година, Мејсон го нарече „лет во војна“ наметнат на Хитлер од страна на економската криза.

Западна Германија[edit]

Почнувајќи со замената на Рајхсмарк со германска марка како легално платежно средство, долготрајниот период на ниска инфлација и брзиот индустриски пораст беше надгледуван од страна на Владата на чело со германскиот канцелар Конрад Аденауер и неговиот министер за економија Лудвиг Ерхард, подигнувајќи ја Западна Германија од военото уништивање до една од најразвиените држави во модерна Европа. Наспроти популарните верувања, Маршаловиот план кој беше проширен да ја вклучи и Западна Германија, откако беше сфатено дека потиснувањето на економијата во Западна Германија го забавува закрепнувањето од другите земји во Европа, не беше главна сила зад Виртшафтсвундер. Износот на паричната помош (која беше во форма на кредити) добиен од Германија преку Маршаловиот план (околу 1,65 милијарди долари вкупно) беше далеку засенет од износот кој Германците кој мораа да го платат како воена репарација и преку трошоците што сојузниците им ги направија на германците за тековните трошоци за време на окупацијата. (околу 2,4 милијарди годишно). Во 1953 година беше одлучено дека Германија треба да отплати 1,1 билиони долари за помошта која таа ја доби. Последната отплата беше направена во јуни 1971 година. Меѓутоа, спорно е дека опоравувањето би било можно без почетна економска поддршка, како и модернизација на инфраструктурата обезбедена преку економскиот план за опоравување. Покрај овие фактори, напорната работа и долгите сати во полн капацитет кај населението во 1950-тите, 1960-тите и почетокот на 1970-тите и дополнителната работна сила добиена од илјадници гастарбајтери обезбедува неопходна основа за економскиот пресврт.

Источна Германија[edit]

До почетокот на 1950-тите години, Советскиот Сојуз ги зазеде репарациите во форма на земјоделски и индустриски производи и побара понатамошни исплати за надомест на штета. Долна Шлезија, која содржи рудници за јаглен, и Стетин, познато природно пристаниште беа изгубени во Полска. Извозот од Западна Германија во 1988 година надмина 323 милијарди долари. Во истата година, Источна Германија извезе 30,7 милијари долари добра, 65% на други комунистички држави. Источна Германија имаше нула невработеност. Во 1976 година просечниот годишен раст на бруто домашниот производ изнесуваше околу 5,9%.

По повторното обединување[edit]

Економијата на Германија стагнираше во почетокот на 2000-тите години. Најлошите растечки појави беа постигнати во 2002 година (+1,4%), во 2003 година (+1,0%) и во 2005 година (+1,4%). Исто така, невработеноста беше висока. Поради овие проблеми, заедно со стареењето на населението во Германија, системот на социјалната грижа беше доведен под значителен притисок. Ова доведе Владата да спроведе широка програма на реформи за штедење, наречена Агенда 2010, вклучувајќи ги и реформите на пазрот на трудот познат како Харц I-IV. Во подецнежниот период на првата деценија од 2000 година светската економија доживеа висок пораст, од кој исто така Германија како водечки извозник профитираше. Некои веруваа во реформите на Харц со постигнување висок раст и намалување на невработеноста, но некое тврдеа дека тие резултирале со масивно намалување на стандардите на живеење и дека нејзините ефекти се ограничени и привремени. Номиналниот БДП на Германија се намали во втората и третата четвртина од 2008 година, ставајќи ја земјата во техничка рецесија следејќи го глобалниот и европскиот циклус на рецесија. Германското индустриско производство се спушти на 3,6% во септември наспроти август. Во јануари 2009 година, германаската Влада предводена од Ангела Меркел одобри 50 милијарди евра (70 милијарди долари) економски стимулативен план за заштита на неколку сектори од кризата и подоцнежно зголемување на стапката на невработеност. Германија излезе од рецесијата во втората и третата четвртина од 2009 година, главно поради производството на нарачки и извоз – првично надвор од еврозоната - и релативно постојаната побарувачка на потрошувачите. Германија е една од основачите на Европската Унија, Г8 и Г20, и беше најголем светски извозник од 2003 година до 2008 година. Во 2011 таа остана трет по големина најголем извозник и трет по големина најголем увозник. Поголемиот дел од извозот на земјата е во областите на инженерството, особено машини, автомобили, хемиски производи и метали. Германија е водечки производител на турбини на ветар и соларна енергија. Во повеќе градови на Германија се одржуваат трговски саеми и конгреси. 2011 година беше рекордна година за германската економија. Германските компании извезуваат добра во вредност од над 1 трилиони евра (1,3 трилиони долари), што е највисока бројка во историјата. Бројот на вработените се зголеми на 41,6 милиони, што е највисока регистрирана бројка. До 2012 година економијата на Германија продолжи да биде посилна во однос на локалните соседни земји.

Макроекономски податоци[edit]

Заклучно со декември 2012 година, стапката на невработеност изнесуваше 6,7%.4 Заклучно до декември 2012, стапката на ИПК изнесуваше 2,10%. Во следната табела се наведни вон-сезонски прилагоден раст на БДП од 1992 година до 2012 година.

Компании[edit]

Од 500-те светски најголеми компании наведени во берзата измерени по приходи во 2010 година, според Фортун Глобал 500, 37 се со седиште во Германија. 30 компании со седиште во Германија се вклучени во ДАХ, германскиот индекс на берзи. Познати светски брендови се Мерцедес-Бенц, БМВ, САП, Сименс, Фолксваген, Адидас, Ауди, Алианц, Порше, Баер, БАСФ, Бош и Нивеа. Германија е препознатлива по нејзините специјализирани мали и средни претпријатија. Околу 1000 од овие компании се глобални лидери на пазарот во нивниот сегмент и се означени како скриени шампиони. Во листата се наведени најголемите компании во однос на прометот во 2009 година.

Економски регион[edit]

Германија како федерација е полицентрична земја и нема единствен економски центар. Само 3 од 100 најголеми компании во Германија се со седиште во главниот град на Германија - Берлин. Берзата се наоѓа во Франкфурт на Мајна, најголемата медиумска компанија (Бартелсман АГ) е со седиште во Гутерслох и најголемите производители на автомобили се во Волфсбург, Штутгард и Минхен. Германија се залага за поблиска економска и политичка Европска интеграција. Нејзините комерцијални политики се утврдени со договори меѓу членовите на Европската Унија и единственото законодавтсво на пазарот во ЕУ. Германија воведе заедничка европска валута на 1 Јануари 1999 - евро. Нејзината монетарната политика е поставена од страна на Европската централна банка во Франкфурт.

Запад[edit]

Јужните држави, особено Баерн, Баден-Вуртемберг и Хесен се економски посилни од северните држави. Еден од традиционално најсилините ( а во исто време и најстар) економски региони на Германија е Рурската област на запад, помеѓу Бон и Дортмунд. 27 од 100 најголеми компании во земјата се наоѓаат таму. Сепак, во последниве години, оваа област чија економија е основана на природни ресурси и тешка индустрија, бележеше значителен пораст на невработеност (2010 година: 8,7%). Економијата на Баерн и Баден-Вуртембург, државите со најмал број на невработени лица (2010 година: 4,5%, 4,9%), од друга страна се основани на прозиводи од висока вредност. Меѓу другите, важни сектори се автомобилите, електорниката, воздушната индустрија и биомедицината. Баден-Вуртембург е индустриски центар, особено за автомобили и индустрија на машиноградби и домот на брендови како Мерцедес-Бенц (Даимлер), Порше и Бош.

Исток[edit]

Со обединувањето на 3 октомври 1990 година, Германија ја започна големата задача за усогласување на економските системи на двете поранешни републики. Нејзината задача беше сложена со расклопување на широкиот систем за социјална помош на поранешната Демократска Република Германија, што резултираше со привремен но значителен пад на животниот стандард на своите граѓани, интервенција на економското планирање обезбедено преку брзо враќање на животниот стандард и постепено зголемување до ниво на она на западна Германија. Од повторното обединување, стотици илјади поранешни источни германци се вселувале во западна Германија за да најдат работа. Драстични промени во социо-економскиот предел предизвикани од повторното соединување резултираа во загрижувачки социјални проблеми. Дури и по обединувањето на Германија во 1990 година, животниот стандард и годишниот приход останува значително повисок во државите од поранешна Западна Германија. Модернизацијата и интеграцијата на источната германска економија продолжува да биде долгорочен процес кој треба да трае до 2019 година, со годишни трансфери од запад кон исток во износ од околу 80 милијарди долари. Севкупната стапка на невработеност постојано паѓа од 2005 година а достигна 15-годишен минимум во јуни 2008 година со 7,5%. Процентот се движи од 6,2% во поранешна Западна Германија до 12,7% во поранешна Источна Германија.

Природни ресурси[edit]

Германската почва е релативно сиромашна во суровини. Само лигнитот (црн јаглен) и солта - поташа (Калисалц) се достапни во големи количини. Сепак, поранешна ГДР Висмут рударска компанија произведе вкупно 230,400 тони на ураниум помеѓу 1947 година и 1990 година и ја направи Источна Германија четврт по големина производител на рудата ураниум во светот (најголем во сферата на контрола на СССР) во тоа време. Нафтата, природниот гас и други ресурси се, во најголем дел, увезени од други земји. Солта поташ се ископува од центарот на земјата (Нидерсахсен, Захсен-Анхалт and Туринген). Најважен производител е К+С АГ (поранешно Кали и Салц АГ). Битоминузни депозити на јаглен во Германија беа создадени пред повеќе од 300 милиони години од мочуриштата кои се протегат од денешна Јужна Англија, преку Рурската област во Полска. Депозитите на лигнит се развиле на сличен начин, но за време на подоцнежниот период, пред околу 66 милиони години. Бидејќи дрвото се уште не е целосно трансформирано во јаглен, црниот јаглен содржи помалку енергија отколку битуминозниот јаглен. Лигнитот е извлечен од екстремно западните и источните делови на земјата, главно во Нордрајн-Вестфален, Захсен и Бранденбург. Значителни количини се изгорени во централи за јаглен во близина на рударските области, за да се произведе електрична енергија. Превозот на лигнит на долги дестинации не е економски возможен, затоа централите се наоѓаат во близина на рудниците. Битуминозниот јаглен се ископува во Нордрајн-Вестфален и Саарланд. Повеќето електрани го горат бутоминозниот јаглен и работат на увезениот материјал, па затоа централите се наоѓаат во близина на рудниците, но во целата земја.

Сектори[edit]

Германија има социјална пазарна економија која се карактеризира со високо квалификувана работна сила, развиена инфраструктура, големи каптални акции, ниско ниво на корупција, и високо ниво на иновација. Таа има најголема национална економија во Европа, четврта по големина од номиналниот БДП во светот и е петта рангирана од БДП (ППП) во 2009. Секторот за услуги придонесува околу 70% од вкупниот БДП, индустријата 29,1 % и земјоделството 0,9%.

Главен/Основен[edit]

Во 2010 година земјоделството, шумарството и рударството изнесувале само 0,9% од бруто домашниот производ на Германија (БДП) и вработеност од 2,4%, намалување од 4% во 1991 година. Земјоделството е исклучително продуктивно, и Германија е во состојба да ги покрие 90% од своите потреби за исхрана со домашно производство. Германија е третиот најголем земјоделски производител во Европската Унија по Франција и Италија. Главни земојделски продукти во Германија се компири, пченица, јачмен, шеќерна репка, овошје и зелка. И покрај високото ниво на индустријализација, речиси една третина од нејзината територија е покриена со шума. Шумарската индустрија обебедува околу две-третини од домашната потрошувачка на дрво и прозиводи од дрво, па Германија е краен увозник на овие ставки.

Индустрија[edit]

На индустријата и на градежништвото отпаѓаат 29% од бруто домашниот производ во 2008 година, а се вработени 29,7% од работната сила. Германија се занимава со производство на автомобили, машини, електрична опрема и хемикалии. Со производство на 5,2 милиони возила во 2009 година, Германија беше четврт најголем производител во светот и најголем извозник на автомобили. Германските автомобилски компании уживаат исклучително силна позиција во т.н. премиум сегмент, во комбинација со светскиот пазар од околу 90%. Малите и средни производствени фирми (Мителстанд компании) кои се специјализирани во технолошко напредни ниша производи, често се семејни, и формираат голем дел од германската економија. Проценето е дека околу 1500 германски компании ги заземаат првите три позиции во нивниот односен сегмент на пазарот во светот. Во околу две третини од сите индустриски сектори на германските компании им припаѓаат на првите три конкуренти на пазарот.

Услуги[edit]

Во 2008 година услугите претставуваа 69% од бруто домашниот производ (БДП) и секторот вработи 67.5% од работната сила. Составните делови на услугите се финансиски и деловни активности (30.5%), трговија, хотели, ресторани и транспорт (18%) и други услужни дејности (21.7%). Најголемите годишни, меѓународни саеми и конгреси се одржуваат во неколку германски градови, како што се Хановер, Франкфурт и Берлин. Германија е трета по ред најпосетувана земја во Европа, со вкупно 369.6 милиони ноќевања во 2010 година.

Инфраструктура[edit]

Енергија[edit]

Германија е петти по ред најголем потрошувач на енергија во светот и две третини од својата примарна енергија е увезена во 2002 година. Во истата година, Германија беше најголем потрошувач на електрична енергија во Европа, со вкупна вредност од 512,9 терават-часови. Политиката на владата развива заштита на енергијата и развој на обновливи извори на енергија како ветерот, биомасата, хидроелектраните и геотермалната енергија. Како резултат на мерките за заштеда на енергија, енергетската ефикасност се подобри во почетокот на 1970 година. Владата ја постави целта на состанокот-до 2050 година половина од енергијата во земјата да зависи од обновливите извори. Во 2000 година, коалицијата на црвените и зелените под раководство на канцеларот Шредер и германската нуклеарна индустрија се согласи да ги затворат атомските централи до 2021 година. Конзервативната коалиција под раководство на канцеларот Меркел ја промени оваа одлука во јануари 2010 година, гласајќи да ги задржи централите отворени. Меѓутоа, падот на јапонската нуклеарна централа Фукушима во март 2011 година, ја промени политичката клима: постарите нуклеарни централи прекинаа со работа. Општото затворање од 2020 до 2022 година сега е веројатно. Сепак обновливите извори на енергија играат поскромна улога во потрошувачката на енергија, иако германските соларни и индустриите на поврзани со силата на ветерот играат водечка улога во светот. Во 2009 година Германија употребуваше енергија од следниве извори: нафта 34.6%, природен гас 21.7%, лигнит 11.4%, битуминозен јаглен 11.1%, нуклеарна енегија 11.0%, хидроцентрала и сила на ветер 1.5% и други 9.0%. Постојат 3 главни влезни точки за нафтоводи: во североисточниот дел (нафтоводот Дружба, кој доаѓа од Гдањск), во западниот дел (нафтоводи кои доаѓаат од Ротердам) и југоисточниот дел (нафтоводи кои доаѓаат од Нелахозевсе). Нафтоводите во Германија не сочинуваат соодветна мрежа и понекогаш само поврзуваат две различни локации. Големите нафтени рафинерии се наоѓаат во или пак се во близина на следниве градови: Швед, Шпергау, Вобург, Бургхаузен, Карлсруе, Келн, Гелзенкирхен, Линген, Вилхелмсхафен, Хамбург и Хајде. Од друга страна, мрежата на нафтоводите на природни гасови во Германија е збиена и добро поврзана. Увезениот нафтоводен гас главно доаѓа од Русија, Холандија и Обединетото Кралство. Иако, увозот на гас од Русија беше историски сигурен дури и за време на студената војна, се јавија спорови за цената меѓу Гаспром и поранешните советски држави, кои ја погодија и Германија. Како резултат на тоа, е поставено високо политичко значење на изградбата на гасоводот Северен Поток, кој се протега од Виборг во Русија преку Балтичко море до Грајфсњалд во Германија. Оваа директна поврзаност ги избегнува транзитните земји.

Превоз[edit]

Со нејзината централна позиција во Европа, Германија е важен транспортен центар. Ова се одразува на нејзината густа и модерна транспортна мрежа. Големиот мрежен автопат (Аутобан), е трет по големина и е светски рангиран со својата вкупна должина и брзина на поголемиот дел од патиштата. Германија има воспоставено полицентрична мрежа на брзи возови. InterCityExpress или ICE е најнапредна категорија на услуги на Дојче Бан и им служи на поголемит дел на германски градови, како и дестинации во соседните земји. Максималната брзина на возот достигнува од 200 и 300км/ч. Линии има на секој половина час. Најголемите германски аеродроми се Меѓународниот аеродром во Франкфурт и Меѓународниот аеродром во Минхен и двата се глобални центри во Луфтханза. Други поголеми аеродроми се Берлин Тегел, Берлин Шенефелд, Дизелдорф, Хамбург, Хановер, Келн-Бон, Лајпциг/Хале и наскоро Меѓународниот аеродром Берлин Бранденбург.

Технологија[edit]

Достигнувањата во науката на Германија се значајни, како и напорите за истражување и развој се составен дел од економијата. Исто така, Германија е една од водечките земји во развојот и користењето на зелените технологии. Компаниите од областа на зелената технологија имаат обрт од околу 200 милијарди евра. Особено експертизата во областите на инжењерството, науката и истражувањето на Германија се особено почитувани. Водечките пазари на индустријата на зелената технологија во Германија се производство на електрична енергија, одржлива мобилност, материјална ефикансост, енергетска ефикасност, управување со отпад и рециклирање, одржливо управање со вода. Во однос на тријадичките патенти, Германија е на третото место по САД и Јапонија.Со повеќе од 26.500 регистрации за патенти поднесени до Европскиот завод за патенти, Германија е водечка европска нација. Сименс, Бош и БАСФ со речиси 5000 регитрации на патенти а некои од нив се меѓу топ 5 на повеќе од 35.000 компании во 2008 година. Заедно со САД и Јапонија, во однос на патенти за нано, био и нови технологии, Германија е една од најактивните земји во светот. Со околу една третина од тријадички патенти, Германија води светски во областа на намалување на емисијата на возилата.

Година БСП (милијарди евра) Промена
1992 1648.40 +1.9%
1993 1696,90 -1,0%
1994 1782,20 +2,5%
1995 1848,50 +1,7%
1996 1875.00 +0,8%
1997 1912,60 +1,7%
1998 1959,70 +1,9%
1999 2000,20 +1,9%
2000 2047,50 +3,1%
2001 2101,90 +1,5%
2002 2132,20 +0,0%
2003 2147,50 -0,4%
2004 2195,70 +1,2%
2005 2224,40 +0,7%
2006 2313,90 +3,7%
2007 2428,50 +3,3%
2008 2473,80 +1,1%
2009 2374,50 -5,1%
2010 2496,20 +4,2%
2011 2592,60 +3,0%
2012 2645,00 +0,7%
Ранг Име Седиште Приход (милиони евра) Профит (милиони евра) Вработени
1 Фолксваген AГ Волфсбург 108,897 4,120 329,305
2 Дајмлер АГ Штутгарт 99,399 3,985 272,382
3 Сименс АГ Минхен/Берлин 72,488 3,806 398,200
4 Е.ОН АГ Дизелдорф 68,731 7,204 87,815
5 Метро АГ Дизелдорф 64,337 825 242,378
6 Дојче Пост АГ Бон 63,512 1,389 475,100
7 Дојче Бон 62,516 569 241,426
8 БАСФ СЕ Лудвигсхафен 57,951 4,065 95,175
9 БМВ АГ Минхен 56,018 3,126 107,539
10 ТиссенКруп АГ Есен/Дуисбург 51,723 2,102 191,350