Сонце

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сонце ☉
Сонцето во видливиот дел на спектарот при што е филтрирана белата светлина на 8 јули 2014 година. Можат да се забележат рабното затемнување и бројните сончеви дамки.
Податоци добиени од набљудувањата
Средно растојание
од Земјата
1,496⋅108 км
8 мин 19 с со брзина на светлината
Видлива сјајност (V)−26,74[1]
Апсолутна величина4,83[1]
Спектрална класификацијаG2V
МеталичностZ = 0,0122[2]
Аголна големина31,6–32,7′[3]
Орбитални особености
Средно растојание
од центарот на Млечниот Пат
≈ 2,7⋅1017 км
27.200 сг
Галактички период(2,25–2,50)×108 a
Брзина≈ 220 км/с (во орбита околу центарот на галаксијата)
≈ 20 км/с (релативно во однос на просечната брзина на останатите ѕвезди во соседството)
≈ 370 км/с[4] (релативно во однос на космичкото позадинско зрачење)
Физички особености
Екваторски полупречник696.342 ± 65 км[5]
109 × Земјени полупречници[6]
Екваторска обиколка4,379⋅106 км[6]
109 × Земјини обиколки[6]
Сплеснатост9⋅10-6
Површина6,09⋅1012 км2[6]
12.000 × Земјени површини[6]
Зафатнина1,41⋅1018 км3[6]
1.300.000 × Земјини зафатнини
Маса(1,98855 ± ,00025)⋅1030 kg[1]
333.000 × Земјени маси[1]
Просечна густина1,408 г/см3[1][6][7]
0,255 × Земјени густини[1][6]
Јадрена густина (модел)162,2 г/см3[1]
12,4 × Земјини густини
Екваторска површинска гравитација274,0 м/с2[1]
27,94 g
27.542,29 cgs
28 × Земјени[6]
Прва космичка брзина за Сонцето
(од површината)
617,7 км/с[6]
55 × Земјина[6]
ТемператураЦентар (модел): 1,57⋅107 K[1]
Фотосфера (делотворна): 5.778 K[1]
Корона: ≈ 5⋅106 K
Сјајност (L)3,846⋅1026 W[1]
≈ 3,75⋅1028 lm
≈ 98 lm/W ефикасност
Средна јачина на зрачењето 
(I)
2,009⋅107 W·m−2·sr−1
Старост≈4,6 милијарди години[8][9]
Вртежни особености
Закосеност7,25°[1]
(во однос на еклиптиката)
67,23°
(во однос на галактичката рамнина)
Ректасцензија
од Северниот Пол[10]
286,13°
19 ч 4 мин 30 с
Деклинација
од Северниот Пол
+63,87°
63° 52' северно
Ѕвезден вртежен период
(при екваторот)
25,05 денови[1]
(на 16° должина)25,38 денови[1]
25 д 9 ч 7 мин 12 с[10]
(на половите)34,4 денови[1]
Вртежна брзина
(на екваторот)
7,189⋅103 км/ч[6]
Состав на фотосферата (според маса)
водород73,46%[11]
хелиум24,85%
кислород0,77%
јаглерод0,29%
железо0,16%
неон0,12%
азот0,09%
силициум0,07%
магнезиум0,05%
сулфур0,04%

Сонце (латински: Sol) — ѕвезда од класата на жолти џуџиња која се наоѓа во центарот на Сончевиот Систем.[12] Земјата и друга материја (вклучувајчи други планети, астероиди, метеороиди, комети и вселенска прашина) орбитираат околу Сонцето[13], кое самото претставува 98,6 % од целокупната маса на сончевиот Систем, а тежи околу 200.000 пати повеќе од Земјата. Растојанието меѓу Сонцето и Земјата е приближно 149.600.000 километри и неговата светлина го минува ова растојание за 8,3 минути. Енергијата од Сонцето, во форма на сончева светлина, го одржува скоро целиот живот на Земјата преку фотосинтеза[14] и ја управува Земјината клима и време.

Површината на Сонцето се состои од водород (околу 74 % од неговата маса, или 92 % од неговата зафатнина), хелиум (околу 24 % од масата, 7 % од зафатнината) и мали количини на други елементи, вклучувајќи железо, никел, кислород, силициум, сулфур, магнезиум, јаглерод, неон, калциум и хром[15] . Сонцето има G2V ѕвездена класа. G2 значи дека има површинска температура од приближно 5.780 К (5.500 °C), давајќи му бела боја која често заради атмосферското прекршување изгледа жолто кога се гледа од површината на Земјата.

Кога ќе почне да го снемува водородното гориво на Сонцето , тоа ќе прерасне во многу поголема и посјајна ѕвезда наречена црвен џин. Тоа на крај ќе ги отфрли своите надворешни слоеви во вселенскиот простор. Од сонцето тогаш ќе остане само мошне густа ѕвезда наречена бело џуџе пред конечно да се излади и да изгасне и да стане црно џуџе.

Јадро[уреди | уреди извор]

Јадрото на Сонцето е најважниот дел од него. Тоа е како мотор. Тој ја дава светлината, и тој ги дава тие честички внатре во Сонцето. Секогаш кога Сонцето свети, испушта енергија околу милион атомски бомби.Јадрото на Сонцето се смета дека се протега од центарот до 0,2 до 0,25 сончеви полупречници. Густината изнесува од 150 g/cm3 (150 пати повеќе од густината на водата на Земјата), а температурата изнесува приближно 13 600 000 К (додека на површината на Сонцето изнесува околу 5 800 К). Неодамнешна анализа на мисијата SOHO е наклонета кон побрзата стапка на ротација во јадрото отколку во остатокот од зрачниот слој. Во поголемиот дел од постоењето на Сонцето енергијата се добива со јадрено соединување преку серија чекори наречени р-р (протон-протон); овој процес го претвора водородот во хелиум. Помалку од 2% од хелиумот создаден во Сонцето доаѓа од CHO циклусот. Јадрото е единственото место во Сонцето кое што произведува значително количество на топлина преку соединување: остатокот од ѕвездата се загрева со енергија која што се пренесува надвор од јадрото. Севкупната енергија добиена со соединување во јадрото мора да патува преку многу последователни слоеви до сончевата фотосфера пред да се ослободи во вселената како сончева светлина или кинетичка енергија на честичките.

Р-р низата се појавува околу 9.2 × 1037 пати секоја секунда во јадрото на Сонцето. Бидејќи оваа реакција користи четири протони, претвора околу 3.7 × 1038 протони (водород јадро) во хелиум јадро секоја секунда. Бидејќи при претворањето на водородот во хелиум се ослободува околу 0,7% од претворената маса како енергија, Сонцето ослободува енергија на стапка од 4, 26 милиони метрички тони во секунда за време на претворањето на материјата во енергија, 383 јотавати или 9.15 × 1010 мегатони на TNT во секунда.

Стапката на јадреното соединување многу зависи од густината и температурата. Стапката на соединување во јадрото е во рамнотежа која сама по себе се поправа, така што малку повисока стапка на соединување би предизвикала јадрото да се загрее повеќе и да се шири малку наспроти тежината на надворешните слоеви, и на тој начин прави да се намали стапката на соединување и да се поправи грешката; а малку пониска стапка би предизвикала ладење на јадрото и мало стеснување, и на тој начин прави да се зголеми стапката на соединување и повторно да се врати на сегашното ниво. Протоните со висока енергија (гама-зраците) кои се ослободуваат за време на реакциите со соединување се апсорбираат во само неколку милиметри во сончевата плазма и потоа повторно се реемитуваат во случаен правец (и на малку пониска енергија)- така што е потребно повеќе време за зрачењето да стигне до површината на Сонцето. Се проценува дека “времето за патување на фотонот” изнесува помеѓу 10 000 и 170 000 години.

По крајното патување низ надворешниот слој до видливата “површина” на фотосферата, фотоните се ослободуваат како видлива светлина. Секој гама-зрак во јадрото на Сонцето се претвора во неколку милиони видливи светлосни протони пред да се ослободи во вселената. Неутрините исто така се ослободуваат со реакции на соединување во јадрото, но за разлика од фотоните тие ретко реагираат со материја, така што речиси сите се способни веднаш да се ослободат од Сонцето. Долго време мерењата на бројот на неутрини создадени во Сонцето покажале дека тие биле помали од тоа што теориите го предвиделе дури за 3. Ова несовпаѓање неодамна било решено со откривањето на ефектите на осцилирањето на неутрините: Сонцето, всушност, емитува онолку неутрини колку што се теоретски предвидени, но на детекторите на неутрини им недостасувале 2/3 од нив бидејќи неутрините го промениле вкусот.

Корона[уреди | уреди извор]

Короната e најодалечениот слој од сонцето[16][17][18]. Таа може да достигне температури повеќе од милиони °C. Короната (Сонцето) испушта енергија достигајќи 9,3 трилиони милји (околу 14484096000000 км), подалеку и од Плутон. Таа енергија всушност не штити од меѓугалаксичните ветрови. Исто така како и на Земјата, има посебна гравитација, па не ја пушта Земјата и останатите планети да се изгубат во просторот.

Фотосфера[уреди | уреди извор]

Фотосферата е површината на Сонцето. Површината не е толку цврста, како што се другите делови, а и испушта гасови. Температурата на површината достига до 10.000 °C

Видливата површина на Сонцето, фотосферата, е слој кој го прави Сонцето видливо на светлина. Над фотосферата видливата сончева светлина слободно може да се шири во вселената и нејзината енергија целосно го одбегнува Сонцето. Промената во непроѕирноста се должи на намалувањето на H− јоните, кои лесно апсорбираат видлива светлина. Обратно од тоа, видливата светлина која што ја гледаме се создава кога електроните реагираат заедно со водород атомите за да се добијат H− јоните. Фотосферата е десетици и стотици километри густа и на тој начин е малку повеќе непроѕирна од воздухот на Земјата. Поради тоа што горниот дел на фотосферата е поладен отколку долниот дел, Сонцето изгледа посветло во центарот отколку на краевите. Сончевата светлина има приближно спектар на црно тело што упатува на температура од 6 000 К која распрснува со апсорбирачки атомски линии од слабите слоеви над фотосферата. Фотосферата има густина од ~1023 m−3.

За време на првичните студии на оптичкиот спектар на фотосферата се сметало дека некои апсорбирачки линии не кореспондираат со ниту еден хемиски елемент тогаш познат на Земјата. Во 1868, Норман Локиер претпоставувал дека овие апсорбирачки линии се создале биле новиот елемент кој тој го нарекол хелиум по грчкиот бог на сонцето Хелиос. Дури после 25 години се открило дека овој елемент се наоѓа на Земјата.

Годишни времиња[уреди | уреди извор]

Како што на Земјата има пролет, лето, есен и зима, така и на сонцето постојат годишни времиња. На Сонцето се наречени „сончеви сезони“ и траат по приближно 11 години секоја. Сезоните имаат различен карактер, и нашата технологија и заедницата може да реагира на нив, а дури и времето на Земјата.

Објаснување[уреди | уреди извор]

Сончевиот минимум е сезоната кога Сонцето користи најмалку енергија и има најмалку таканаречени сончеви дамки. Сончевиот максимум е спротивното.

Атмосфера[уреди | уреди извор]

Деловите од Сонцето кои се наоѓаат над фотосферата се сите заедно наречени сончева атмосфера. Тие може да се видат преку телескопи кои оперираат низ електромагнетниот спектар, од радио преку видлива светлина до гама-зраци, и кои вклучуваат пет основни слојни: најниската температура, хромосферата, преодното подрачје, короната и хелиосферата.

Хелиосферата се шири нанадвор покрај орбитата на Плутон па сè до хелиопаузата каде што формира остра предна граница со меѓуѕвездена средна.

Хромосферата, преодното подрачје и короната се многу пожешки од површината на Сонцето. Причината за тоа сè уште не е докажана; доказите покажуваат дека Алфa брановите имаат доволно енергија да ја загреат короната.

Најладниот дел на Соцето е регионот на температурниот минимум кој се наоѓа на 500 км над фотосферата и изнесува 4 100 К. Овој дел од Сонцето е доволно ладен за да ги поддржи простите молекулите како што се јаглерод монoксид и вода, коишто можат да се забележат преку нивниот спектар на апсорбирање. Над слојот на температурниот минимум се наоѓа слој 2000 км густ. Тој слој е наречен хромосфера, кој доаѓа од грчкиот збор chroma што значи боја бидејќи хромосферата е видлива како обоена светлина на почетокот и на крајот на затемнувањето на Сонцето. Температурата на хромосферата постепено се зголемува во висина од и околу 20 000 К во близина на врвот. Во горниот дел од хромосферата хелиумот делумно се јонизира.

Структура на Сонцето

Над хромосферата се наоѓа преодно подрачје тенко околу 200 км каде што температурата расте брзо од околу 20 000 К во горниот дел на хромосферата до милион К во короната. Зголемувањето на температурата е овозможено од целосното јонизирање на хелиумот во транзитниот регион кој во голема мера го намалува ладењето на плазмата. Транзитниот регион не се наоѓа на точно дефинирана висина. Поточно речено, тој формира еден вид на нимбус околу обележјата на хромосферата и е во постојано хаотично движење. Транзитниот регион не е лесно видлив од површината на Земјата, но лесно може да се набљудува од вселената преку инструменти чувствителни на екстремни ултравиолетови зраци.

Короната е надворешната проширена атмосфера на Сонцето, која по зафатнина е многу поголема од Сонцето. Короната постојано се проширува во вселената формирајќи сончев ветер. Долната корона, која што е многу блиску до површината на Сонцето, има густина на честичките од околу 1015–1016 m−3. Просечната температура на короната и на сончевиот ветер изнесува околу 1-2 милиони К, додека во најжешките региони изнесува дури и до околу од 8-20 милиони К.

Хелиосферата, која што претставува шуплина околу Сонцето која се полни со плазмата од сончевиот ветер. Се шири од приближно 20 сончеви полупречници до надворешните рабови на сончевиот Систем. Нејзината внатрешна грaница се дефинира како слој во којшто протокот на сончевиот ветер станува побрз од брзината на Алфa брановите. Турбуленцијата и динамичните сили надвор од оваа граница не можат да влијаат на обликот на внатрешната сончева корона бидејќи информацијата може да патува само со брзина на алфа-брановите. Сончевиот ветер постојано патува нанадвор преку хелиосферата обликувајќи го сончевото магнетно поле во спирала сè додека не удри во хелиопаузата повеќе од 50 AU од Земјата.

Магнетно поле[уреди | уреди извор]

Сонцето е магнетно активна ѕвезда. Силното променливо магнетно поле варира од година на година и го менува правецот на секои 11 години околу сончевиот максимум. Сончевото магнетно поле придонесува за многуте ефекти кои сите заедно се нарекуваат сончева активност, вклучувајќи ги сончевите дамки на површината на Сонцето, сончевите пламени, и варијациите во сончевиот ветер кои преносуваат материјал низ сончевиот Систем. Ефектите од сончевата активност на Земјата вклучуваат и поларна светлина на умерена до висока географска широчина како и нарушувањето на радио комуникацијата и електричната струја. Се смета дека сончевата активност има одиграно главна улога во создавањето и еволуцијата на сончевиот Систем. Сончевата активност ја менува структурата на надворешната атмосфера на Земјата.

Севкупната материја на Сонцето е во форма на гас и плазма поради неговите високи температури. Ова придонесува сонцето да може да ротира побрзо околу неговиот екватор (околу 25 дена) отколку на повисока географска широчина (околу 35 дена околу неговите полови). Диференцијалното ротирање доведува до искривување на линиите на магнетното поле со тек на време предизвикувајќи ерупција на дупки на магнетното поле на површината на Сонцето и формирање на сончевите пеѓи и сончеви проминенции. Ова искривување придонесува за 11 годишниот циклус на магнетна активност како што сончевото магнетно поле го менува својот правец на секои 11 години. Сончевото магнетно поле се шири далеку над самото Сонце. Магнетно-обликуваната плазма на сончевиот ветер го пренесува сончевото магнетно поле во вселената образувајќи го она што се нарекува меѓупланетарно магнетно поле. Бидејќи плазмата може да се движи само по линиите на магнетното поле, меѓупланетарното магнетно поле првенствено се растегнува далеку од Сонцето. Меѓупланетарното магнето поле е многу посилно од двополната составница на сончевото магнетно поле.

Хемиски состав[уреди | уреди извор]

Сонцето главно е составено од хемиските елементи водород и хелиум. Тоа содржи 74,9% водород и 23,8% хелиум. Сонцето содржи помалку од 2% од повеќето потешки метали кои се нарекуваат метали во астрономијата како што се кислород (околу 1%), јаглерод (0,3%), неон (0,2%) и железо (0,2%).

Сонцето го наследило својот хемиски состав од меѓуѕвездената средина од која што и се создало: водородот и хелиумот во Сонцето се создале со Биг Бен нуклеосинтеза. Хемискиот состав на фотосферата вообичаено се смета за претставник на првобитниот состав на сончевиот Систем. Сепак, откако е создадено Сонцето, хелиумот и тешките метали се отселиле од фотосферата. Поради тоа, фотосферата сега содржи помалку хелиум и само 84% од тешките металиотколу што содржело првобитното Сонце; првобитното Сонце содржело 71,1% водород, 27,4% хелиум и 1,5% метали.

Во внатрешните делови на Соцето, јадреното соединување го изменило составот со претворањето на водородот во хелиум, така што највнатрешниот дел на Сонцето сега содржи околу 60% хелиум, со тоа што процентот на метали останал непроменет.

Изобилството на горенаведените тешки метали вообичаено се мерат со спектроскопија на фотосферата на Сонцето и со мерење на метеоритите кои никогаш не биле загреани до топење. Се смета дека овие метеорити го имаат истиот состав како и првобитното Сонце и поради тоа остануваат непроменети иако содржат тешки метали.

Сончеви дамки[уреди | уреди извор]

Кога Сонцето се набљудува со соодветна филтрација прво нешто што се забележува се неговите дамки кои претставуваат јасно видливи делови на површината коишто изгледаат потемни од нивното опкружување поради ниските температури. Сончевите дамки претставуваат делови на висока магнетна активност каде што струењети е инхибирано од силни магнетни полиња намалувајќи го преносот на енергијата од жешката внатрешност до површината. Магнетното поле овозможува силно загревање во короната кое што формира активни делови коишто претставуваат извор на сончеви пламени. Најголемите сончеви дамки може да имаат пречник долг 80 000 км. Бројот на видливи сончеви дамки не е постојан, но варира во текот на 11 годишниот циклус познат како сончев циклус. На вообичаен сончев минимум, неколку сончеви дамки се видливи, а повремено не може да се види ниту една. Оние коишто се појавуваат на високи сончеви висини. Како што сончевиот циклус напредува, бројот на сончевите дамки се зголемува и тие се приближуваат до екваторот на Сонцето. Ова е феномен кој е опишан според законот на Спорер. Сончевите дамки вообичаено се појавуваат во парови со спротивна магнетна поларност.

Сончевиот Систем има огромно влијание врз времето во вселената како и врз климата на Земјата бидејќи светлината има директна врска со магнетната активност. Во 17 век, сончевиот циклус целосно запрел за време од неколку декади; многу малку сончеви дамки биле забележани за време на овој период. Овој период е познат и како минимумот на Маундер или Мало ледено доба во кое што Европа доживела многу ниски температури.

Животен циклус[уреди | уреди извор]

Животниот циклус на Сонцето

Сонцето е создадено пред околу 4,57 милијарди години кога молекуларниот облак од водород експлодирал. Сончевото создавање се пресметува на два начина: сегашните последователни години на Сонцето се одредени со помош на компјутерски модели на ѕвездената еволуција и нуклеокосмохронологијата и изнесува дека постои околу 4,57 милијарди години. Ова речиси се совпаѓа со радиометричната дата на најстарата материја на сончевиот Систем која е стара 4,567 милијарди години.

Сонцето е на пола пат од неговата еволуција за чиешто време реакциите на јадрено соединување во неговото јадро го претвораат водородот во хелиум. Секоја секунда, преку 4 милиони тони материја се претвораат во енергија во јадрото на Сонцето, произведувајќи неутрини и сончево зрачење; досега Сонцето има претворено материја колку 100 пати по масата на Земјата во енергија. Сонцето ќе помине вкупно 10 милијарди години како ѕвезда на главната низа.

Сонцето нема доволно маса за да експлодира како супернова. Наместо тоа, за околу 5 милијарди години, ќе влезе во фазата на црвен џин, и неговите надворешни слоеви ќе се шират како што водородот во јадрото ќе се троши и јадрото ќе се собира и загрева. Соединувањето со хелиум ќе започне кога температурата на јадрото ќе достигне околу 100 милиони К и ќе произведува јаглерод.

Судбината на Земјата е несигурна. Како црвен џин, Сонцето ќе достигне полупречник поголем од сегашната Земјина орбита односно 250 пати повеќе од сегашниот полупречник на Сонцето. Сепак, додека да стане асимптотска џиновска ѕвезда, Сонцето ќе изгуби 30% од сегашната маса благодарение на ѕвездениот ветер, така што орбитите на планетите ќе се движат нанадвор. Да беше само ова Земјата ќе беше поштедена, но најновите истражувања покажуваат дека Земјата ќе биде проголтана од Соцето благодарение на интеракцијата на плимата. Дури и ако Земјата избегне запалување од Сонцето, сепак целата вода на Земјата ќе зоврие и поголемиот дел од атмосферата ќе замине во вселената. Всушност, дури и за време на сегашниот животен циклус во главната низа, Сонцето постепено ќе станува се посветло (околу 10% на секоја милијарда години), а и постепено ќе се зголемува температурата. Сонцето порано било побледо и тоа е причината поради која живото на Земјата постои околу милијарда години на копно. Зголемувањето на сончевите температури е такво што за околу милијарда години површината на Земјата ќе биде толку жешка што течна вода нема да постои што ќе доведе до крај на Земјата.

Како што Сонцето ќе навлегува во фазата на црвен џин така силните термални пулсации ќе предизвикаат Сонцето да ги отфрли своите надворешни слоеви формирајќи планетарна маглина. Единственото нешто што ќе остане откако Сонцето ќе ги отфрли надворешните слоеви е екстремно жешкото ѕвездено јадро кое што полека ќе се лади и ќе избледе како бело џуџе за неколку милијарди години. Ова сценарио на ѕвездената еволуција е типично за ѕвездите од мала до средна големина.

Сончево зрачење[уреди | уреди извор]

Сончевото зрачење, во најширока смисла, е целосниот спектар на електромагнетното зрачење која ја испушта Сонцето. На Земјата, сончевото зрачење се филтрира низ Земјината атмосфера, а сончево зрачење гледаме кога Сонцето е над хоризонтот. Сончевото зрачење може да се измери со помош на апарат наречен пиранометар или пирхелиометар. Светската метеоролошка организација ја дефинира сончевата светлина како директно зрачење од Сонцето врз Земјата со најмалку 120 Њ•м−2.

Директното сончево зрачење има светлосен ефект од околу 93 лумени на ват, што вклучува инфрацрвено зрачење, видлива светлина и ултравиолетово зрачење. Сјајната сончева светлина има околу 100 000 кандели на квадратен метар на површината на Земјата. Опстанокот на речиси сите животни форми на Земјата зависи од сончевата светлина. Растенијата ја користат сончевата светлина за процесот наречен фотосинтеза.

Животните индиректно ја користа сончевата светлина, преку внесување на растенија во својата исхрана. Релативно скорешните откритија на јаглен, петролеум и природен гас претставуваат употреба на сончевата светлина заробена во земјата милиони години. Фосилните горива се остатоци од древни растенија и животни, и претставуваат искористлив извор на дополнителна енергија на Земјата. Но, количеството на фосилните горива е огранично. Постојат повеќе теории кои зборуваат за алтернативни средства за добивање енергија на Земјава, но и за катастрофите кои би се случиле при недостаток на извори на енергија. Фосилно - јадрената ера е само една кратка епизода во историјата на човештвото. Таа се протега во епохата од почетокот на индустријализацијата до исцрпувањето на фосилните ресурси. Пред тоа човештвото живеело само од енергијата на Сонцето, но благодарение на новите технологии, ќе биде можно да се користи енергијата од Сонцето многу подобро и пофлексибилно.

Сончев ветер[уреди | уреди извор]

Сончевиот ветер претставува струја од честички испуштени при голема брзина од горните слоеви на сончевата атмосфера, во главно електрони и протони. Иако овој губиток на масата на Сонцето е безначаен а густината на сончевиот ветер е мала, честичките се движат со огромна брзина и вршат огромно влијание врз телата во сончевиот Систем. Познати ефекти на сончевиот ветер се оларната светлина и насочување на опашот на кометите спротивно од Сонцето.

Во близина на Земјата Земјиното магнетно поле ги заробува честичките на сончевиот ветер и ги насочува кон магнетните полови. Доколку честичките на сончевиот ветер се движат со брзина од повеќе стотици километри на час, при сударот со честичките на Земјината атмосфера доаѓадо јонизирање на гас и појавата на светлина.

Оваа појава се сретнува и во поларните подрачја, и токму и поради тоа го добила и името поларна светлина или Аврора бореалис (односно Аврора аустралис на јужната Земјина полутопка). Доколку сончевата активност е поголема, зголеменото делување на сончевиот ветер може да доведе до појава на поларна светлост и на помала географска ширина. Во такви услови постои можност сметање или оштетување на радио-комуникативните уреди на Земјата и вештачките сателити.

Кометите во близина на Сонцето се загреваат, така што заледената поврина на кометите испарува и ослободува облак од гас и прашина од честички. Со делувањето на честичките во сончевиот ветер, облакот се обликува во форма на опаш на кометата. Доклку сончевиот ветер доаѓа од правецот на Сонцето, тој го потиснува опашот на кометата во спротивен правец.

Сончеви пламени[уреди | уреди извор]

Сончевиот пламен претставува голема експлозија во атмосферата на Сонцето којшто ослободува 6 x 1025 џули енергија. Овој термин исто така се користи за да се означи сличен феномен во останатите ѕвезди, каде што терминот ѕвезден пламен се употребува.

Сончевите пламени влијаат на сите слоеви од сончевата атмосфера (фотосфера, корона и хромосфера), загревајќи ја плазмата до десетици милиони келвини и зголемувајќи ја брзината на електроните, протоните и потешките јони речиси до брзината на светлината. Тие произведуваат зрачење низ електромагнетниот спектар на сите бранови должини, од радио бранови до гама-зраци. Повеќето пламени се создаваат во активните региони околу сончевите дамки, каде што силните магнетни полиња пенетрираат во фотосферата за да ја поврзат короната со сончевата внатртешност. Пламените се засилуваат со ненадејно ослободување на магнетна енергија складирана во короната. Ако сончевиот пламен е изворедно силен може да предизвика исфрлање на коронарна маса.

Рентгенските зраци и УВ-зрачењето ослободени од сончевите пламени може да влијаат на Земјината јоносфера и да ги прекинат радио комуникациите на далечина. Директните радио емитувања на дециметрични бранови должини може да влијаат на работењето на радарите и другите апарати коишто работата на овие честоти. Сочевите пламени за првпат биле забележани на Сонцето од страна на Ричард Кристофер Керингтон и Ричард Ходсон во 1859 како видливи посветли места во рамките на група од сончеви дамки. Ѕвездените пламени исто така биле забележани на разни видови ѕвезди.

Честотата на појавување на сончевите пламени варира, од неолку пати на ден кога Сонцето е особено активно до помалку од еднаш неделно кога Сонцето е тивко. Големите пламени поретко се појавуваат од помалите. Сончевата активност варира во единаесет годишниот циклус (сончевиот циклус). На врвот на циклусот има повеќе сончеви дамки а со тоа и повеќе сончеви пламени.

Сонцето како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Сонцето се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура.

Сонцето како тема во народното творештво[уреди | уреди извор]

  • „Јана и сонцето“ — македонска народна песна.[19]
  • „Ќерката на Сонцето“ — кавкаска народна приказна.[20]
  • „Шуревите на Сонцето“ — унгарска народна приказна.[21]
  • „Месечината и сонцето“ (српски: Мјесец и сунце) — српска народна песна.[22]
  • „Сонцето се ожени со девојка“ (српски: Сунце се с дјевојком ожени) — српска народна песна.[22]

Сонцето како тема во книжевноста[уреди | уреди извор]

  • „Сонцето на овој ден“ (српски: Сунце овог дана) — песна во проза на српскиот писател Иво Андриќ од 1933 година.[23]
  • Залезот на сонцето“ - драма на советскиот писател Исак Бабел од 1928 година.[24]
  • „Сонцето на Италија“ — расказ на Исак Бабел.[25]
  • „Петлето ветроказ и сонцето“ — кус расказ за деца на ангискиот писател Доналд Басет од 1967 година.[26]
  • „Сонце“ — расказ на македонската писателка Виолета Бојковска.[27]
  • „Зајдисонце“ — песна на францускиот поет Пол Верлен.[28]
  • „Плажа песок сонце плажа“ — кус расказ на македонскиот писател Драган Георгиевски од 2013 година.[29]
  • „Додека трае сонцето“ — расказ на италијанскиот писател Итало Калвино.[30]
  • „Сончева бура“ - расказ на италијанскиот писател Итало Калвино.[31]
  • Под сонцето на јагуарот“ — збирка раскази на италијанскиот писател Итало Калвино од 1986 година.[32]
  • „Сонце“ — песна на македонскиот поет Васил Куноски.[33]
  • „Ќе се дружам со сонцето“ (српски: Družiću se sa suncem) — песна на српската поетеса Десанка Максимовиќ од 1983 година.[34]
  • „Сонце искористено како епитаф“ - песна на српскиот поет Бранко Миљковиќ.[35]
  • „Затемнување на сонцето“ — кус расказ на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска од 2018 година.[36]
  • „Брачниот живот на сонцето“ - песна на унгарскиот поет Шандор Петефи.[37]
  • „Имитирање на сонцето“ (Podražavanje sunca) - циклус песни на српскиот поет Васко Попа од 1962-1968, со песните: „Смртта на сончевиот татко“, „Слепото сонце“, „Судир во зенитот“, „Подготовки за дочек“, „Полноќно сонце“, „Туѓо сонце“, „Имитирање на сонцето“.[38]
  • „Утрински игри“ — песна на македонскиот поет Живко Ризовски од 1995 година.[39]
  • „Сонцето и облакот“ — расказ на италијанскиот писател Џани Родари.[40]
  • „Сончева песна“ — песна на македонскиот поет Стојан Тарапуза.[41]
  • „Сонцето се скрило“ — песна на Стојан Тарапуза.[42]
  • „Сонцето генерал“ — песна на македонскиот поет Васе Тодоров - Шлеговец.[43]
  • „Западот на Сонцето“ - песна на германскиот поет Хајнрих Хајне.[44]
  • „Залезот на Сонцето“ - песна на германскиот поет Хајнрих Хајне.[45]
  • „Ајде зајди јасно сонце“ - песна на македонскиот поет Наум Целакоски од 1998 година.[46]
  • „Нешто за сонцето и стапиците за волци“ - расказ на македонскиот писател Живко Чинго од 1963 година.[47]
  • „Зајдисонце“ - книга на македонската писателка Катерина Џатева.[48]
  • „Сонцето и телото“ - песна на македонскиот поет Ацо Шопов.[49]
  • „Црно сонце“ - песна на македонскиот поет Ацо Шопов.[50]
  • „Пак црно сонце“ - песна на македонскиот поет Ацо Шопов.[51]
  • „И уште еднаш црно сонце“ - песна на македонскиот поет Ацо Шопов.[52]

Сонцето како тема во музиката[уреди | уреди извор]

  • „Зајди, зајди, јасно сонце“ - македонска народна песна.[53]
  • „Изгрејсонце“ (англиски: Sunrise) - песна на австралиската рок-група Ајсхаус (Icehouse) од 1987 година.[54]
  • „Обожавај го сонцето“ (англиски: Worship The Sun) — песна од истоимениот музички албум на американската рок-група Allah-Las од 2014 година.[55]
  • „Кога заоѓа сонцето“ (англиски: When the sun goes down) - песна на британската рок-група Арктик манкис (Arctic Monkeys) од 2006 година.[56]
  • „Сонцето секогаш заоѓа на ТВ“ (англиски: The Sun Always Shines On TV) - песна на норвешката поп-група А-ха (A-ha).[57]
  • „Деца на сонцето“ (српски: Deca sunca) - песна на македонската група Бастион.[58]
  • „Набљудувај го изгрејсонцето“ (англиски: Watch the Sunrise) - песна на американската поп-група Биг стар (Big Star) од 1972 година.[59]
  • „Доаѓа сонцето“ (англиски: Here Comes The Sun) - песна на британската група Битлси од 1969 година.[60]
  • „Кралот-Сонце“ (англиски: Sun King) - песна на Битлси од 1969 година.[60]
  • „Кој го сака сонцето“ (англиски: Who Loves The Sun) - песна на американската рок-група Велвет Андерграунд (Velvet Underground) од 1970 година.[61]
  • „На сонце“ (англиски: In the sun) - песна на американската рок-група Блонди (Blondie) од 1976 година.[62]
  • „Сонце, пиштол, бегај“ (англиски: Sun, Gun, Run) - песна на американската група Boredoms од 1990 година.[63]
  • „Изгревање на сонцето“ (англиски: Sun Arise) — песна на англиската рок-група The Godfathers.[64]
  • „Химна на сонцето“ (англиски: Anthem Of The Sun) — музички албум на американската рок-група The Grateful Dead од 1968 година.[65]
  • Патеката на сонцето“ (англиски: The Path of the Sun) - албум на македонската енто-група Dragan Dautovski Quartet.[66]
  • „Во кралството на сонцето што умира“ (англиски: Within The Realm Of A Dying Sun) - албум на британската група Дед кен денс (Dead Can Dance) од 1987 година.[67]
  • „Црно сонце“ (англиски: Black Sun) - песна на британската група Дед кен денс од 1990 година.[68]
  • „Чекајќи го сонцето“ (Waiting For The Sun) - албум на американската рок-група Дорс (The Doors) од 1968 година.[69]
  • „Чекајќи го сонцето“ (англиски: Waiting For The Sun) - песна на Дорс од 1970 година.[70]
  • „Саботно сонце“ (англиски: Saturday Sun) - песна на британскиот поп-рок пејач Ник Дрејк (Nick Drake).[71]
  • „Топење на сонце“ (англиски: Melting in the Sun) - песна на австралиската поп-рок група INXS од 1984 година.[72]
  • „Нема да дозволам да ми зајде сонцето“ (англиски: I won't let the sun go down on me) - песна на британскиот поп-пејач Ник Кершо (Nik Kershaw).[73]
  • „Зајдисонце во Ватерло“ (англиски: Waterloo Sunset) - песна на британската рок-група Кинкс (The Kinks) од 1967 година.[74]
  • „Мрзливото старо сонце“ (англиски: Lazy Old Sun) - песна на Кинкс од 1967 година.[74]
  • „Изгрејсонце“ (англиски: Rising Sun) - песна на австралиската поп-рок група Колд Чизел (Cold Chisel) од 1980 година.[75]
  • „Далечно сонце“ (англиски: Distant Sun) - песна на австралиската поп-група Краудед хаус (Crowded House) од 1986 година.[76]
  • „Изгрејсонце“ (англиски: Sun Arise) - песна на американскиот рок-музичар Алис Купер (Alice Cooper).[77]
  • „Хартиена вреќа и сонцето“ (англиски: A Paper Bag And The Sun) - композиција на американската џез-група Лаунџ лизардс (The Lounge Lizards) од 1989 година.[78]
  • „Црно сонце“ (англиски: Black Sun) - песна на британската рок-група Луп (Loop) од 1989 година.[79]
  • „Сонцето свети“ (англиски: Sun Is Shining) — песна на јамајската реге-група Bob Marley & The Wailers од 1978 година.[80]
  • „Златно сонце“ - песна на македонската рок-група Мизар од 1988 година.[81]
  • „Горе на сонцето“ (англиски: Up On The Sun) — песна од истоимениот музички албум на американската рок-група Мит папетс (Meat Puppets) од 1985 година.[82]
  • „Сончева светлина“ (англиски: Sunshine) — песна на американската соул-група О'Џејс (The O'Jays) од 1972 година.[83]
  • „Паднав од сонцето“ (англиски: Fell From The Sun) — песна на британската рок-група Pale Saints од 1990 година.[84]
  • Сонце и месечина“ — музички албум на македонската поп-пејачка Александра Пилева од 2005 година.
  • „Постави ги контролните направи за срцето на сонцето“ (англиски: Set The Controls For The Heart Of The Sun) — песна на британската рок-група Пинк флојд од 1969 година.[85]
  • „Дебело старо сонце“ (англиски: Fat Old Sun) — песна на Пинк флојд од 1970 година.[86]
  • „Сонце-Црна дупка“ (англиски: Black Hole Sun) — песна на американската рок-група Саундгарден (Soundgarden) од 1994 година.[87]
  • „Сонцето се крева“ (англиски: Sun's Coming Up) — песна на австралиската група Tame Impala од 2012 година.[88]
  • „Мамбо-сонце“ (англиски: Mambo Sun) — песна на британската рок-група Т. Рекс (T.Rex) од 1971 година.[89]
  • „Црвено сонце“ (англиски: Red Sun) — песна на американската рок-група Тин вајт роуп (Thin White Rope) од 1988 година.[90]
  • „Сончева светлина“ (англиски: Sunshine) — песна на американска рап-група Џангл брадерс (Jungle Brothers) од 1989 година.[91]
  • „Погледни во сонцето“ (англиски: Look Into The Sun) — песна на британската рок-група Џетро тал (Jethro Tull) од 1969 година.[92]
  • „Под големото црно сонце“ (англиски: Under The Big Black Sun) — песна од истоимениот музички албум на американската рок-група X од 1982 година.[93]

Сонцето како тема во филмот[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 1,13 1,14 Williams, D. R. (1 July 2013). „Sun Fact Sheet“. NASA Goddard Space Flight Center. Посетено на 12 August 2013.
  2. Asplund, M.; Grevesse, N.; Sauval, A. J. (2006). „The new solar abundances - Part I: the observations“. Communications in Asteroseismology. 147: 76–79. Bibcode:2006CoAst.147...76A. doi:10.1553/cia147s76.
  3. „Eclipse 99: Frequently Asked Questions“. NASA. Архивирано од изворникот на 2010-05-27. Посетено на 24 October 2010.
  4. Hinshaw, G.; и др. (2009). „Five-year Wilkinson Microwave Anisotropy Probe observations: data processing, sky maps, and basic results“. The Astrophysical Journal Supplement Series. 180 (2): 225–245. arXiv:0803.0732. Bibcode:2009ApJS..180..225H. doi:10.1088/0067-0049/180/2/225.
  5. Emilio, M.; Kuhn, J. R.; Bush, R. I.; Scholl, I. F. (2012). „Measuring the Solar Radius from Space during the 2003 and 2006 Mercury Transits“. The Astrophysical Journal. 750 (2): 135. arXiv:1203.4898. Bibcode:2012ApJ...750..135E. doi:10.1088/0004-637X/750/2/135.
  6. 6,00 6,01 6,02 6,03 6,04 6,05 6,06 6,07 6,08 6,09 6,10 6,11 „Solar System Exploration: Planets: Sun: Facts & Figures“. NASA. Архивирано од изворникот на 2 January 2008.
  7. Ko, M. (1999). Elert, G. (уред.). „Density of the Sun“. The Physics Factbook.
  8. Bonanno, A.; Schlattl, H.; Paternò, L. (2008). „The age of the Sun and the relativistic corrections in the EOS“. Astronomy and Astrophysics. 390 (3): 1115–1118. arXiv:astro-ph/0204331. Bibcode:2002A&A...390.1115B. doi:10.1051/0004-6361:20020749.
  9. „The Absolute Chronology and Thermal Processing of Solids in the Solar Protoplanetary Disk“. Science. 338 (6107): 651–655. 2 November 2012. Bibcode:2012Sci...338..651C. doi:10.1126/science.1226919. Посетено на 17 March 2014.[бара регистрација]
  10. 10,0 10,1 Seidelmann, P. K.; и др. (2000). „Report Of The IAU/IAG Working Group On Cartographic Coordinates And Rotational Elements Of The Planets And Satellites: 2000“. Архивирано од изворникот на 2020-05-12. Посетено на 22 March 2006.
  11. „The Sun's Vital Statistics“. Stanford Solar Center. Посетено на 29 July 2008. Citing Eddy, J. (1979). A New Sun: The Solar Results From Skylab. NASA. стр. 37. NASA SP-402. Архивирано од изворникот на 2015-01-13. Посетено на 2015-09-06.
  12. „Сонце“Дигитален речник на македонскиот јазик
  13. „What is the solar system?“. Архивирано од изворникот на 2008-07-03. Посетено на 2009-02-11.
  14. Simon, Anne (2001), The real science behind the X-files : microbes, meteorites, and mutants, New York: Simon & Schuster, стр. 25–27, ISBN 0684856182
  15. Basu, Sarbani; Antia, H. M. (2008). „Helioseismology and Solar Abundances“ (PDF). Physics Reports. 457: 217. doi:10.1016/j.physrep.2007.12.002. arXiv:0711.4590.
  16. http://www.nasa.gov/mission_pages/iris/multimedia/layerzoo.html
  17. http://www.thesuntoday.org/solar-facts/powering-the-sun/
  18. http://imagine.gsfc.nasa.gov/science/objects/sun1.html
  19. Македонски народни балади, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 7-8.
  20. Кавкаске бајке. Београд: Народња књига, 1963, стр. 37-48.
  21. Мађарске бајке. Београд: Народња књига, 1974, стр. 5-15.
  22. 22,0 22,1 Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 101.
  23. Иво Андрић, Ex Ponto - Немири - Лирика. Београд: Просвета, 1977, стр. 221-224.
  24. Nada Marinković, „Isak Babelj“, во I. E. Babelj, Crvena konjica. Beograd: Rad, 1969, стр. 123-126.
  25. I. E. Babelj, Crvena konjica. Beograd: Rad, 1969, стр. 20-22.
  26. Доналд Бисет, Разговори со еден тигар. Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1993, стр. 48-50.
  27. Очудувања 1-2, Бегемот, Скопје, 2018, стр. 82-86.
  28. Пол Верлен, Есенска песна. Скопје: Македонска книга, 1987, стр. 14.
  29. Драган Георгиевски, Метаморфузија, Темплум, Скопје, 2013.
  30. Italo Kalvino, Nove kosmikomike. Beograd: Rad, 1999, стр. 43-50.
  31. Italo Kalvino, Nove kosmikomike. Beograd: Rad, 1999, стр. 51-60.
  32. Лилјана Узуновиќ, „Читателот во земјата на романите или за нишката на Шехерезада“, во: Итало Калвино, Ако една зимска ноќ некој патник. Скопје: Магор, 2012, стр. 226.
  33. Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 30.
  34. Desanka Maksimović, Izabrane pesme (peto dopunjeno izdanje). Beograd: BIGZ, 1985, стр. 118.
  35. Бранко Миљковиќ, Избор. Скопје: Мисла, Култура и Македонска книга, 1988, стр. 98-99.
  36. Сања Михајловиќ-Костадиновска, (Бес)конечни модели на расказот. Скопје: Бегемот, 2018, стр. 73.
  37. Šandor Petefi, Sloboda i ljubav. Beograd: Rad, 1969, стр. 42.
  38. Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 95-101.
  39. Живко Ст. Ризовски, Дете и светулка. Скопје: Наша книга, 1995, стр. 37.
  40. Џани Родари, Приказни по телефон. Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1993.
  41. Стојан Тарапуза, Сон на тркала, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2015, стр. 7.
  42. Стојан Тарапуза, Сон на тркала, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2015, стр. 93.
  43. Васе Тодоров - Шлеговец, Магија на детството. Скопје: александар & александар, 2000, стр. 13-14.
  44. Hajnrih Hajne, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 75-76.
  45. Hajnrih Hajne, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 59-60.
  46. Наум Целакоски, Пролог, 1998, стр. 9.
  47. Живко Чинго, Пасквелија. Скопје: Култура, 1968, стр. 175-184.
  48. „Читај, патувај, уживај – Саем на книга 2016 – програма на активности“, Антолог, 2016.
  49. Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 139.
  50. Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 101-102.
  51. Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 103.
  52. Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 104-105.
  53. Macedonian Folklore Classics, Aleksandar Sarievski. Macedonian Radio and Television.
  54. YouTube, Icehouse - Man Of Colours (1987 full album) (пристапено на 8.10.2017)
  55. Allah-Las – Worship The Sun (пристапено на 22.11.2023)
  56. YouTube, Arctic Monkeys - When The Sun Goes Down (пристапено на 21.12.2016)
  57. YouTube,a-ha - The Sun Always Shines On TV (пристапено на 31.12.2016)
  58. Bastion works & rew>>works, AG Records, PMG Recordings, Lithium Records.
  59. YouTube, Big Star - Watch the Sunrise (пристапено на 18.6.2017)
  60. 60,0 60,1 DISCOGS, The Beatles ‎– The Beatles (пристапено на 27.6.2019)
  61. DISCOGS, The Velvet Underground ‎– Loaded (пристапено на 19.12.2017)
  62. YouTube, In the Sun - Blondie (пристапено на 8.2.2017)
  63. YouTube, Soul Discharge '99 (full album) - Boredoms (пристапено на 11.9.2017)
  64. YouTube, Sun Arise (пристапено на 1.11.2022)
  65. DISCOGS, The Grateful Dead – Anthem Of The Sun (пристапено на 11.11.2022)
  66. Dragan Dautovski Quartet, The Path of the Sun. Dragan Dautovski - DDQ Music, DDQM 002, 2008.
  67. Discogs, Dead Can Dance ‎– Within The Realm Of A Dying Sun (пристапено на 24.5.2020)
  68. Discogs, Dead Can Dance ‎– Aion (пристапено на 15.7.2020)
  69. Discogs, The Doors ‎– Waiting For The Sun (пристапено на 20.5.2020)
  70. Discogs, Nhe Doors ‎– Morrison Hotel (пристапено на 9.8.2020)
  71. YouTube, Saturday Sun (пристапено на 25.3.2019)
  72. YouTube, The Swing - 02 - Melting In The Sun (пристапено на 6.7.2017)
  73. YouTube, Nik Kershaw - I Won't Let The Sun Go Down On Me (пристапено на 31.12.2016)
  74. 74,0 74,1 The Kinks - Something Else 1967 (Full Vinyl 2003) (пристапено на 16.2.2019)
  75. YouTube, Cold Chisel - East (1980) Full Album (пристапено на 29.9.2017)
  76. YouTube, Crowded House (Full Album) - Crowded House 1986 (пристапено на 21.6.2017)
  77. Alice Cooper, Love it to death & Killer, Some Wax Recordings, SW 126-2, 2003.
  78. Discogs, Lounge Lizards ‎– Voice Of Chunk (пристапено на 9.1.2021).
  79. YouTube, Loop - Black Sun (пристапено на 5.2.2017)
  80. Bob Marley & The Wailers – Kaya (пристапено на 14.4.2023)
  81. Мизар, Lithium records, CD 014, 2003.
  82. Meat Puppets – Up On The Sun (пристапено на 28.3.2023)
  83. YouTube, Back Stabbers 1972 - The O'Jays (пристапено на 30.5.2019)
  84. DISCOGS, Pale Saints – The Comforts Of Madness (пристапено на 8.6.2023)
  85. Discogs, Pink Floyd – Ummagumma (пристапено на 13 февруари 2021)
  86. Discogs, Pink Floyd – Atom Heart Mother (пристапено на 2.3.2021)
  87. YouTube, Soundgarden - Superunknown (Full Album) HD (пристапено на 8.1.2017)
  88. DISCOGS, Tame Impala – Lonerism (пристапено на 4.4.2021)
  89. DISCOGS, T. Rex ‎– Electric Warrior (пристапено на 8.3.2018)
  90. Thin White Rope – In The Spanish Cave (пристапено на 30.12.2023)
  91. Discogs, Jungle Brothers ‎– Done By The Forces Of Nature (пристапено на 30 март 2021)
  92. Discogs, Jethro Tull ‎– Stand Up (пристапено на 10.12.2020)
  93. X (5) – Under The Big Black Sun (пристапено на 16.12.2023)
  94. „Македонска премиера на „Деца на сонцето“ на „Манаки“, Дневник, година XVIII, број 5570, петок, 19 септември 2014, стр. 23.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]