Апија(англиски и самоански: Apia) е главен град на независната држава Самоа. Градот се наоѓа на северниот брег на самоанскиот втор по големина остров Уполу и има околу 58.000 жители (2001).
Апија се наоѓа во природно пристаниште создадено од реката Ваисигано. Регионот е мала крајбрежна низина, во близина на планината Ваеја која има надморска висина од 472 метри. На самиот врв се наоѓа гробното место на познатиот писател Роберт Луис Стивенсон. Два срта поминуваат кон југ од планината.
Апија е дом на голем број претшколски, основни, средни и високообразовни инситутции во земјата.[2] Во Апија се наоѓа единствениот универзитет во земјата, Национален универзитет на Самоа. Покрај него, во Апија има и кампус Јужнопацифичкиот Универзитет, оддел земјоделство.[3] Покрај нив, друга важна институција која оперира во Апија е и училиштетото Роберт Луис Стивенсон, приватно основно и средно училиште.