Асам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Асам
Asam- অসম
Држава: Индија
Главен град: Диспур
Површина: 78.438 км2
Население: 31.169.272 (2011)
Густина на население: 397 жит/км2
Јазик: асамски , бодо и карби
Религија:
Мрежно место: assam.gov.in/
Мапа
Положба на Асам во Индија
Положба на Асам во Индија
Сибидол храмот во Сибсагар
Ранг Гар во Сибсагар

Асам е сојузна држава во Индија со површина од 78.438 км2 и 31.169.272 жители (сос: 2011). Се наоѓа на југоистокот на Индија на источните Хималаи. Асам го опкружуваат другите североисточни држави како Аруначал Прадеш, Нагаланд, Манипур, Мизорам, Трипура и Мегалаја. Трговски центар на Асам Гувахати претставува врска со североисточните држави нарекувани и „седум сестри“. Тие држави се поврзани со остатокот на Индија со тесен коридор т.н „пилешки врат“. Асам граничи и со Бутан и Бангладеш.

Асам произведува меѓу најфините и најскапите чаеви на светот. Чајната индустрија ја развиле Англичаните во текот на колонијалниот период. Донесувале работна сила од Бихар и Ориса и со тоа ја менувале демографската слика на регионот. Асам произведува и значајни количини на нафта и гас. Асам е второ место во светот на кое е откриена нафта (по САД).