Курт Хилшер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Турбе во Гази Баба, Скопје, Македонија (1926)
Ратхаус Бамберг, 1931 година

Курт Хилшер (7 јануари 1881 – 10 јули 1948) бил германски фотограф.

Роден е во градот Сштегом. Тој патувал низ Европа во 1910, 1920 и 1930-тите години и е автор на неколку успешни книги со фотографии од пејзажи и архитектура во Италија, Шпанија и Германија. Поради неговата работа, тој бил повикан во Белград од Владата на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците.

Во средината на 1920-тите Хилшер патувал низ кралството и создал книга со слики од пејзажот, државата и нејзиниот народ.