Керала (малајалски: കേരളം = Кералам) — сојузна држава во Индија со површина од 38.863 км2 и 32.802.812 жители (сос: 1. јан. 2006). Густината на населението е 844 жит./км2, што ја прави Керала една од најгусто населените краеви на Индија. Главен град е Тируванантапурам (некогаш се викал Тривандрум).
Сојузната држава Керала настанала во 1956. со соединувањето на трите некогашни кнежевства: Кочин, Малабар и Траванкоре. Името Керала значи „Земја на кокосовите палми“. На малајалски кера значи кокосова палма, која е многу честа во овој регион, додека алам значи земја.