Jump to content

User:Justwowman

From Wikipedia, the free encyclopedia

Полиен

[edit]

Полиен (/ˌpɒliˈnəs/ POL-ee-EE-nəs; see ae (æ) vs. e; Greek: Πoλύαινoς, Polyainos, "Пофалениот") бил македонски автор од вториот век најдобро познат по единственото зачувано дело од осум книги, "Тактики во Војна" (Стратагемата), (на грчки, Στρατηγήματα). Во византискиот лексикон "Суда" од десетиот век тој се споменува и како реторичар.

Тој своите таканаречени "стратагеми" ги посветил на Марко Аврелиј и Луциј Вер за време на Партиската Војна (162-165) односно околку 163 година НЕ. Во тој период Полиен бил премногу стар за да им се придружи во нивните воени кампањи.

Полиен за оваа ситуација напишал во својата прва книга:

"Јас кој по раѓање сум Македонец, и со тоа го имам националното право на победа врз Персијците, одлучив да не бидам целосно бескорисен во овие сегашни услови. Доколку мојата градба беше стабилна и здрава како некогаш, немаше да има потреба да ви го докажувам мојот Македонски дух..." [1]

Стратагемите

[edit]

Неговото дело е поделено во осум книги, во првите шест тој пишува за стратагеми на славни антички генерали, од кои седуммина од нив странци, а осуммина Римјани. Шестата и седмата книга се изгубени, па затоа од девестотините (900) стратагеми на Полиен зачувани се 833 од нив.

Книгата е зачувана во една единствена копија од 13 век која некогаш била сопственост на Михаил Апостолиос и сега се наоѓа во Лаурентинската библиотека во Фиренца.

Полиен за прв пат е испечатен на латински во Базел во 1549 година од страна на Јустус Вултеиус. Првата едиција на грчки пак била објавена од Исак Касаубон во Лион 1589 година, а наредната 1690 година од страна на Панкратис Маасвикиус во Лајден, третата од страна на Самуел Мурсина во Берлин 1756 година и четвртата од Кореј во Париз, 1809 година. Делото е преведно на англиски од страна на Р. Шепард во Лондон 1793 година, на германски од Сејболд во Франкфурт 1793-94 година и од Блум во Штутгард во 1834 година.

Други дела

[edit]

Полиен исто така пишува неколку други дела од кои ниедно не е зачувано. Во Суда се зачувани два наслови "За Теба" и "Taктика" во три книги додека пак собирачот на дела, Јоан Стобеј од Стоби го цитира Полиен од неговото дело "За Македонската Лига", (англиски: For the koinon of Macedonians, грчки: " Ὑπὲρ τoῦ κoινoῦ τῶν Mακεδόνων ") како и од делото " Во корист на Судот, англиски: " The Court's favor " грчки: " Ὑπὲρ τoῦ Συνεδρίoυ".

Референци

[edit]
  • Bayle, Pierre; Dictionnaire historique et critique, Amsterdam, (1740), "Polyænus"
  • Dain, A.; "Cinq adaptations Byzantines de les Stratagèmes de Polyen", (Revue des études anciennes), pp. 321–46
  • "Polyaenus" from the Encyclopædia Britannica (1911)
  • Polyen, Ruses de guerre, Gui-Alexis Lobineau (traducteur), Paris, (1840)
  • Seyffert, Oskar; Dictionary of Classical Antiquities, "Polyænus", (1894)
  • Smith, William; Dictionary of Greek and Roman Biography and Mythology, "Polyaenus (2)", Boston, (1867)
  • Kai Brodersen (ed.), Polyainos. Neue Studien. Polyaenus. New Studies (Berlin: Verlag Antike, 2010) ISBN 978-3-938032-39-8.
  • Polyainos: Strategika. Greek and German by Kai Brodersen (Berlin & Boston: De Gruyter, 2017) ISBN 978-3-11-053664-5
  •  This article incorporates text from a publication now in the public domainSmith, William, ed. (1870). Dictionary of Greek and Roman Biography and Mythology. {{cite encyclopedia}}: Missing or empty |title= (help)
  1. ^ Smith, Andrew. "Polyaenus: Stratagems - Book 1 (a)". www.attalus.org. Retrieved 2017-04-08. {{cite web}}: Check |archive-url= value (help); Cite has empty unknown parameter: |dead-url= (help)